Неделава земјава ја очекува главно студено време со утрински температури кои ќе достигнат до -13 Целзиусови степени, додека дневните нема да достигнат повеќе од 8 Целзиусови степени.
Врнежи од снег се очекуваат вечерва и во текот на целиот ден, но со послаб интензитет, а најмногу ќе биде зафатен северозападниот дел од земјава.
Минималните температури утре ќе бидат во интервал од -5 до 1 Целзиусов степен, додека дневните ќе се движат од -1 до 7 степени. Во среда ќе имаме намалување на облачноста и не очекуваат врнежи од снег. Значи во наредниот период, почнувајќи од среда ќе се стабилизира, но сепак ќе биде студено време, со утрински температури, така што во текот на средината на неделата насекаде ќе имаме ниски температури, тие ќе бидат под -10, додека дневните ќе бидат од -1 до 8 степени, вели Ленче Лизова, синоптичар.
Во текот на денешниот ден главниот град и уште неколку делови од земјата беа зафатени од снежни врнежи. Според Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу снег има во Попова Шапка 29 сантиметри, во Маврово 7 сантиметри и во Крива Паланка 1 сантиметар.
Транспортот во земјава се развива во зимски услови. На места има намалена видливост поради магла и снег. Се препорачува употреба на зимска опрема