Жените на оваа возраст имаат поинтелигентни деца од оние родени во помала возраст
Некои парови не сакаат веднаш да имаат деца, бидејќи еднаш ќе посакаат малку да уживаат. Откако ќе одлучат да имаат деца, тие се целосно подготвени, а сега научно е утврдено кога е најдобро време за раѓање, но и дека треба малку да ја продолжите бременоста.
Истражувачите од Лондонската школа за економија проучувале различни податоци и дошле до заклучок дека жените кои родиле на 30 и повеќе години имаат поинтелигентни деца од оние кои родиле на помлада возраст.
Истражувањето го проучувало однесувањето на 18.000 британски деца и покажало како децата чии мајки биле постари имале подобри резултати на тестовите за когнитивни вештини.
Тие проучувале како читаат, како пишуваат, како размислуваат и како се сеќаваат кога имале 10 или 11 години.
Тоа се случува затоа што жените кои подоцна решиле да имаат деца, најпрвин сакале да градат кариера и се посветиле на себе, а дури кога биле спремни добиле деца.
Како резултат на тоа, 30-годишните мајки посветуваат поголемо внимание на децата бидејќи имаат постојана работа.
Од друга страна, жените кои чекаат долго време, на пример до 40-тата година, подоцна може да имаат проблеми со дебелината.