Стјуардесата објави видео од хотелската соба! На многумина им ги отвори очите

Стјуардеса објави видео на социјалните мрежи во кое предупредува колку се валкани перниците и микробрановите печки во хотелските соби.

Видеото на TikTok на стјуардесата Шер Далас стана вирално. Во него таа откри неверојатни работи за хигиената на хотелите .

Најпрво ги предупреди своите следбеници за валканите хотелски перници.

„Сите можеме да се согласиме дека хотелските перници се одвратни“,  рече таа.

Шер тврди дека овие перници ретко се чистат после секој гостин. „Не верувам дека луѓето ги креваат од кревет пред да заспијат“,  изјавила стјуардесата.

@cherdallas The hotel chairs have got to go or become plastic or something else #flightattendantlife #flightattendant ♬ Rotina – Drew

Стјуардесата го изразила и својот презир кон патниците кои ги распакуваат куферите директно на креветот.

Таа истакна дека куферите во авионите често се чуваат во надземни прегради, кои ги опишува како „одвратни“, а распакувањето на хотелските кревети не е хигиенско.

 

Далас истакна дека дополнителното столче во собите е уште едно место кое често се запоставува во однос на хигиената, а го изрази и своето негодување за заедничките микробранови печки во хотелите.
Таа, исто така, откри дека бањите на аеродромот се повалкани од бањите на авионите.