Стјуардесата откри каде спие во авионот: Многумина останаа изненадени од ова видео

Стјуардесите имаат задача да ви донесат храна и пијалоци, да ви го олеснат летот и дали некогаш сте се запрашале што прават кога не се грижат за патниците?

Да бидам поконкретен, дали некогаш сте размислувале каде одмараат стјуардесите за време на долгите летови, кои можат да траат и до 12 часа…

Стјуардесата Кејти им откри на следбениците на TikTok како изгледа местото каде што спие, а многумина беа изненадени, пишува New York Post.

„За сите патници кои се прашуваат каде исчезнав среде летот“, напишала Кејти, а нејзиното видео „собра“ повеќе од 2,2 милиони прегледи.

Ја гледаме како го подготвува креветот, комплет со чаршафи, перница и појас, но што толку ги „вознемири“ гледачите?!

@distractingkaytee BRB nap break 🥰🥰 #cabincrew #flightattendant #crewrest #fyp ♬ Vlog – Soft boy

Ограничен простор

„Што е ова, ковчег?“, „Мојата клаустрофобија никогаш не би го дозволила ова“. Ми се гади од гледање“, „Изгледа дека спиеш во скенер за магнетна резонанца“, гласат некои од пораките.

И навистина, просторот во кој се населила Кејти е тесен, но тоа не е невообичаено во авионите. Областите за одмор обично се наоѓаат над или под главната кабина, во задниот дел на авионот.

Во таквите „капсули“ кабинскиот екипаж има приватност, мир и тишина, но немаат светлина и прозорци, како што може да се види на видеото. Се разбира, просторот за одмор не е ист на секој авион.