Суво грозје како совршена алтернатива на нездравите грицки

Сувото грозје е еден од најпопуларните видови сушено овошје, а се добива со сушење или дехидрација на грозје.

Сувото грозје има широка примена во готвењето, а особено се користи за подготовка на разни колачи и пудинзи. Овие мали плодови се полни со хранливи материи и можат да послужат како добра алтернатива за нездравите грицки. Постојат повеќе видови суво грозје, а се издвојуваат црното, златното и зеленото. Без разлика на видот, сувото грозје е богато со витамин Б, Ц, фолна киселина, железо, каротин, лутеин, калиум, калциум и магнезиум. Обезбедува енергија, витамини, минерали и антиоксиданси.

Сувото грозје е достапно во текот на целата година и има високо ниво на хранлива вредност и лековити својства. Гликозата и фруктозата присутни во грозјето го зголемуваат нивото на енергија, додека хранливите материи се добри за вашата кожа и коса.

Кои се другите придобивки од консумирањето суво грозје?

Спречува анемија

Сувото грозје е исклучително корисно за оние кои сакаат да ја подобрат својата крвна слика. Бидејќи е богат со железо и витамини од Б комплексот, со секојдневно консумирање внесувате доволно количество железо и спречувате појава на анемија.

Ослободете се од лошиот холестерол

Црното суво грозје содржи нула холестерол. Ова грозје се користи за елиминирање на лошиот холестерол (ЛДЛ) во телото.

Остеопороза

Недостатокот на калциум може да доведе до остеопороза, а бидејќи сувото грозје е богато со калциум, може да ве заштити од ова и од други нарушувања.

Го подобрува варењето

Јадењето суво грозје дневно е еден од најдобрите начини за ублажување на запек. Сувото грозје ви помага редовно да ги чистите цревата од токсините од вашето тело.

Ја намалува киселоста

Количината на калиум и магнезиум во сувото грозје ја намалува киселоста и ефикасно ја спречува појавата на камења во бубрезите и кардиоваскуларни заболувања.

Добро е за очите

Сувото грозје ја спречува макуларната дегенерација и се смета за една од најдобрите намирници за здравјето на очите.

Стоматолошка грижа

Киселината присутна во сувото грозје го спречува расипувањето на забите и ги штити од кариес.