Судар на туристички автобус и комбе во Јужна Африка: 20 загинати, автобусот паднал во река

– Јужноафриканските власти соопштија дека најмалку 20 луѓе загинале, а 68 се повредени во судир на туристички автобус и комбе што превезувало пари. Судирот се случил синоќа околу 20 часот на автопатот N1 во областа Махадо во Лимпопо, пишува Дејли мејл.

По несреќата автобусот се превртел и паднал во реката. Службите за итна помош и противпожарната служба набрзо пристигнале на местото на настанот. Три лица се пронајдени мртви покрај патот, а уште 16 мртви покрај реката. Едно лице починало при транспорт во болница.

Повеќето од загинатите кои беа пронајдени покрај реката останале заробени под автобусот.

Причината за несреќата се уште не е позната. Службите за итни случаи соопштија дека пред инцидентот имало обилни врнежи во областа.