СУДБИНАТА НА ПРИГОЖИН СЕУШТЕ НЕИЗВЕСНА Маршираше кон Москва, а сега би можел да го предводи нападот на Киев? НАТО е загрижен за Вагнер
Војната во Украина сè уште беснее, а по обидот за бунт во Русија, некои работи би можеле да се променат, а не во корист на Киев. Така, на пример, Евгениј Пригожин би можел да го води руското напредување од Белорусија до Киев.
Претходно беше објавено дека авионот поврзан со лидерот на Вагнер слетал во близина на Минск, а потоа претседателот на Белорусија потврди дека Евгениј Пригожин навистина пристигнал во Белорусија.
Според воениот експерт Шон Бел, последиците од неуспешниот „марш за правда“ на Вагнер кон Москва минатиот викенд покренуваат повеќе прашања отколку одговори.
– Со оглед на искуството на Пригожин, тешко е да се поверува дека тој би заминал во Москва со намера да го собори претседателот Путин, што го наметнува прашањето зошто го направил тоа? Едно објаснување е дека Путин однапред ги позиционира Пригожин и неговата група платеници Вагнер, подготвени да го следат нивниот успех (иако бавен и со голема човечка цена) во заземањето на Бахмут, спроведувајќи нов бран напади врз Киев – изјави Бел за Скај њуз.