Судири Ахмети-Мицкоски и Филипче: Дел од нашиот политички фолклор, нема простор за страв и паника за дестабилизација

Запрашан за судирите меѓу првиот човек на ДУИ, Али Ахмети и премиерот Христијан Мицкоски, првиот човек на СДСМ, Венко Филипче вели дека реториката за дестабилизација на државата е дел од политичкиот фолклор.

Филипче вели дека доколку постои ризик од дестабилизација на државата, безбедносните институции мора да реагираат, пренесува „ТВ21“.

„Видете, ова се гледа како дел од нашиот секојдневен политички фолклор. Закани за дестабилизација, одговори од премиерот, можно е, потоа деманти од ресорите, одговорните министерства, дека тоа е невозможно, не е можно.

Ценам дека освен нашиот фолклор меѓу политичките партии, навистина нема место за страв и паника. Ако има, тогаш очекувам институциите да анализираат и да реагираат“, нагласи меѓу другото Филипче.