Судијата која го држеше на слобода тројниот убиец Нермин ќе одговара

Поднесена е дисциплинска претставка против судијката на Општинскиот суд во Градачац, Лејла Нумановиќ, која одби да и’ одреди мерки за ограничување на Нермин до убиената Низама Хеќимовиќ а сега и” се закажува друго рочиште. За N1 БиХ ова го потврди Високиот судски и обвинителски совет на БиХ.

Канцеларијата на Дисциплинскиот обвинител на ВССК на Босна и Херцеговина поведе предмет против судијката Лејла Нумановиќ од Градачац, која одби да нареди мерки за забрана на пристап до убиената Низама Хеќимовиќ.

Хеќимовиќ беше убиена од нејзиниот невенчан сопруг Нермин Сулејмановиќ, а убиството беше пренесувано во живо на Инстаграм. Уби уште двајца мажи, таткото и синот Денис и Џенгиз Ондер, а рани неколку луѓе.

Додека полицијата трагаше по него, Сулејмановиќ се самоуби, земајќи го со себе бебето што го роди со Низама. 

Како што се испостави, само четири дена пред убиството, судијката на Општинскиот суд во Градачац, Лејла Нумановиќ, донесе решение со кое го отфрли предлогот на полициската управа Градачац да изрече мерки за забрана на вознемирување, следење и приближување кон жртвата на Нермин Сулејмановиќ а одбивањето го испратила по пошта до убиецот. Истиот ден кога Сулејмановиќ ја доби таа одлука, го почна крвавиот поход.