Пријовиќ го распродаде својот концерт во Риека за помалку од 24 часа. Таа веќе најави и други

Балканската ѕвезда Александра Пријовиќ за помалку од 24 часа ги распродаде билетите за најавениот концерт во Риека – 14 април, кој беше пуштен во продажба синоќа, кон крајот на последниот концерт во Осиек.

,,Мојата публика е навистина најдобра на светот. Ви благодариме за секој купен билет, за секоја убава порака, ви благодарам за вашата љубов. Само да знаете дека ќе ви ја исполнам желбата – заедно ќе пееме и ќе се радуваме на 15 април во Риека. Срцето ми е полно“, им порача на своите фанови преку Екстра ФМ.

Потсетуваме, Александра претходно имаше пет концерти во Загреб и пет во Осиек. Продолжува турнејата „Од исток кон запад“ низ хрватските градови, а пред неа се уште два концерта во Риека, а пуштени се и билети за Вараждин.