Судија со црвен картон во рака го нокаутира тренерот со удар: Вирална неверојатна сцена од Перу (видео)

За време на фудбалскиот натпревар од Купот на Перу помеѓу Sport Huaquilla и Magdalena CEDEC, судијата Луис Алегре го нокаутира гостинскиот тренер со неверојатен висок удар во 82. минута.

Имено, Алегре прво избрка член на стручниот штаб на Магдалена покажувајќи му црвен картон. После тоа, тренерот на таа екипа, држејќи пластично шише, влегол на теренот и се упатил кон судијата со намера да го нападне.

Во самоодбрана, Алегре, кој држеше црвен картон во левата рака, изведе карате удар со десната нога, удирајќи го тренерот директно во главата и соборувајќи го на земја.

Полицијата брзо интервенираше за да го заштити судијата од понатамошни напади, додека играчите на Магдалена го опколија судијата и неговите помошници во обид да дојдат до него.

Тренерот набрзо стана, но делуваше збунето, по што еден од неговите играчи го извади од теренот за да ја смири ситуацијата.

Натпреварот беше прекинат по овој инцидент, а не се знае дали тренерот побарал лекарска помош или ќе бидат преземени дисциплински мерки против учесниците на овој настан.