Судот во Бразил ја потврди забраната за Х: Платформата ќе биде вратена само доколку ги исполнува овие три услови

Врховниот суд на Бразил донесе едногласна одлука за забрана на социјалната мрежа Х на територијата на оваа земја, што означува ескалација на конфликтот меѓу Илон Маск и бразилските власти. Оваа судска одлука вклучува и остри казни за оние кои ќе се обидат да ја заобиколат забраната со користење на VPN.

Судиите едногласно гласаа за затворање на X во Бразил, платформата порано позната како Твитер. Иако компанијата X сè уште има можност да поднесе жалба на оваа одлука, платформата е суспендирана од петокот, откако судијата Александар де Мораес издаде наредба за нејзино затворање.

Мораеш, кој води иницијативи против ширење лажни вести и говор на омраза, се соочува со критики за, како што некои велат, закана за слободата на говорот. Неговата последна наредба доаѓа откако Илон Маск игнорираше неколку претходни судски наредби, вклучувајќи го и барањето да назначи правен застапник за Х во Бразил.

Корисниците во Бразил, од кои околу 20 милиони, за време на викендот останаа без пристап до оваа социјална мрежа. Според наредбата на судијата Мораеш, суспензијата ќе трае додека Х не исполни три услови: блокирање профили со антидемократска или криминална содржина, плаќање на изречените казни и назначување правен застапник во Бразил.

Дополнително, судиите ја потврдија одлуката на Мораес да наметне дневна парична казна од 50.000 реали (околу 8.900 американски долари) на корисниците на VPN кои се обидуваат да пристапат до X. Сепак, тие не се справија со наредбата за замрзнување на банкарските сметки на Старлинк, сателитски интернет провајдер на Маск, како дел од поширокиот притисок Маск да плати казни наметнати на Х.

Во жалбата поднесена минатиот петок, Starlink Brazil Holding LTDA побара од Врховниот суд да ја поништи одлуката, тврдејќи дека нејзиниот интернет бизнис не е поврзан со случајот против Х. Сепак, судијата Кристијано Занин ја отфрли оваа жалба и продолжи да ги блокира финансиските средства.

Бразилската телекомуникациска агенција „Анател“ е неформално информирана од „Старлинк“ дека нема да ја почитува наредбата за суспендирање на „Х“, што дополнително ја усложнува ситуацијата и го става Маск под уште поголем притисок.