Судот ја одреди сумата што Кевин Костнер мора да ѝ ја плати на поранешната сопруга: Се најдоа на ,,пола пат” (фото)
Иако Кристин Баумгартнер бараше околу 250.000 долари месечна алиментација, а Кевин Костнер понуди нешто повеќе од 50.000 долари, судот пресуди дека холивудскиот актер ќе плаќа 129.000 долари секој месец на својата наскоро поранешна сопруга.
Бидејќи не можеле сами да се договорат, во целата приказна се вклучил и судот кој донел официјална одлука за алиментација.
„Фокс њуз“ дошол до судски документи во кои судијата Томас Андерле пресудил дека ѕвездата од „Јелоустоун“ ќе и’ плаќа на поранешната дизајнерка на чанти 129.755 долари месечно како алиментација за нивните три деца.
Покрај тоа, Костнер мора да плати 200.000 долари за судски трошоци и дополнителни 100.000 долари за дополнителни трошоци. Наскоро поранешните сопружници ќе мора подеднакво да ги поделат трошоците за здравственото осигурување на децата како и за сите спортски и воннаставни активности.
Андерле ја донел одлуката откако Баумгартнер побарал алиментација од 248.000 долари, додека Костнер и’ понудил само 51.940 долари.
Пред одлуката на судијата, Костнер ја обвини својата поранешна сопруга дека барала пари за всушност да ги финансира нејзините лични трошоци, кои вклучуваат естетски зафати, како и шопинг и други трошоци кои немаат апсолутно никаква врска со нивните деца.