Српската водителка Сузана Манчиќ отсекогаш била искрена кога е во прашање одењето под нож, а сега ја откри најновата естетска процедура на која се подложила.
Таа рече дека станала помлада оваа година благодарение на фејслифтинг.
„Се ставив во рацете на руските лекари и мислам дека тие навистина завршија фантастична работа. Тоа е операција. Не се работи за филери. Имав филери и филери со години, а потоа дојдов до возраст кога тоа веќе не помагаше и кога едноставно морав да се одлучам на тој чекор“, изјави таа за Гранд .
Таа изјавила и дека не размислувала за тоа, туку дека ја освоиле руските лекари.
„Јас сум многу млада во душа и сакав да го доближам својот надворешен изглед малку поблиску до таа духовна младост. Се разбира, никогаш нема да заборавам колку години имам и каде имам и што сум и колку е часот, но мислам дека донесов добра одлука“, рече таа.
Таа на социјалните мрежи често објавува фотографии на кои позира во костим за капење, за што добива бројни комплименти.
“Драги жени, морам да се пофалам. Не е идеално, но многу сум задоволна од состојбата на моето тело и кожа. Морам да кажам дека ова е трудот и работата што ја започнав минатото лето со неверојатни третмани со ендосфера”, напиша таа претходно.