Дритон Сулејмани во Анализа 24 рече дека влезот во ЕУ е приоритет на новата Влада. Според него завршувањето на домашните обврски е почетна точка за пристап кон унијата.
„Оваа влада сериозно размислува дека е дојдено време да влеземе во ЕУ, ги знаеме пречките но мора серизно да работиме на тоа со цел да продолжиме понатака. Добрите вести се дека во последно време претставници од Владата се среќааваат со претставници од ЕУ и заеднички бараат решение за процесот“, рече Сулејмани и додаде дека за досегашниот застој виновни се и политиките кои се воделе во изминатите 20 години.
Тој потенцираше и дека најважно е Владата да направи еден план и да се држи до него бидејќи како што објасни доколку се фокусирани на повеќе решенија нема да успее во ниту еден поглед.