“СУЛТАНОТ“ ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО !? Очите на светот вперени во Турција: Анкара ќе го ратификува договорот за членство на Шведска во НАТО
Комисијата за надворешни работи на турскиот парламент в четврток треба да расправа за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, што, како што пишува угледниот Politico, ќе го доведе Стокхолм чекор поблиску до ратификација во Собранието, што е потребно пред претседателот Реџеп Таип Ердоган да го потпише указот.
Апликацијата на Шведска за пристапување во НАТО е блокирана поради обвинувањата од Турција дека земјата не прави доволно за да го спречи тероризмот.
Последниот потег на Турција ја остава Унгарија како единствена земја од НАТО каде парламентарната ратификација не е започната.
Минатата недела, унгарскиот претседател Каталин Новак го повика парламентот во Будимпешта да донесе брза и мудра одлука за приемот на Шведска во НАТО за време на посетата на седиштето на НАТО.
„Целосно го поддржувам приемот на Шведска и она што можам да ви го кажам и ветувам дека ќе направам се за Унгарија брзо да донесе одлука“, порача Каталин Новак.
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, сепак, не покажува амбиции да ја забрза работата на барањето за прием на Шведска во НАТО.