“УНГАРИЈА Е ГЛАСОТ НА НАРОДОТ ВО ЕВРОПА“ – Виктор Орбан со нова драматична порака до Запад: “Крајно време е да научите дека не можете да живеете во лаги“

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека денес Унгарија е „гласот на народот на Европа“ и единствената земја која изразува мислење во име на Унгарците и западноевропејците, а од друга страна Запад мора да научи дека не може да живее во „лаги“.

Дојде време за промени во Европа и Европејците да ги вратат европските институции“, порача Виктор Орбан на конференцијата за суверенитет во Институтот за политички студии „Сазадвег“, кој беше основан пред 30 години.

Виктор Орбан изјави дека во времето на основањето на таа институција бил на иста страна со американскиот финансиер Џорџ Сорос, кој исто така ги поддржувал антикомунистичките активности.

Во тоа време се уште не беше јасно дека тој сака да биде тој што ќе владее со Централна Европа наместо комунистите и Советите“, тврди Виктор Орбан.

Виктор Орбан изјави дека тогаш не бил свесен за тоа, но дека Џорџ Сорос повеќе не ги крие своите планови, пренесуваат унгарските медиуми.

Ја урна британската фунта, ја преплавува Европа со мигранти, отворено ќе каже дека треба да се укинат националните граници и да се одземе суверенитетот на европските земји“, додава тој.

Според него, Унгарија не може да биде суверена се додека во јавното размислување доминира „либералната хегемонија“.

Она што го сакаме е плурализам во Унгарија. На Запад тоа не го разбраа, тамошното јавно мислење не може да излезе од либералната рамка“, заклучува тој.