“СУЛТАНОТ“ СО ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА – Реџеп Таип Ердоган остро кон Бенјамин Нетанјаху: “Тој ја користи војната за да ја продолжи својата политичка кариера!“

„Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, ја користи воената кампања во Појасот Газа против Хамас за да ја продолжи својата политичка кариера“, порача денес претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Според него, Бенјамин Нетанјаху ја загрозува иднината и безбедноста на регионот за да ја продолжи својата политичка кариера. Реџеп Таип Ердоган тврди дека Израел извршил „воени злосторства“ и „злосторства против човештвото“ во Појасот Газа, објавија турските медиуми.

Израелските воени злосторства и злосторствата против човештвото во Појасот Газа не треба да останат без одговор“, посочи Реџеп Таип Ердоган.

Тој нагласи дека приоритет на Турција е да се погрижи да се спроведе траен прекин на огнот во Појасот Газа и хуманитарната помош да се доставува без прекин.

Претходно денеска, Реџеп Таип Ердоган им кажа на новинарите на враќање од Катар дека Турција ги отфрла плановите за формирање тампон зона во Појасот Газа, по завршувањето на борбите во таа палестинска енклава.

Тој посочи дека таквиот план, кој Израел го достави до Турција и некои арапски држави минатата недела, е неправеден кон Палестинците, пренесува медиумската агенција Reuters.

За иднината на Појасот Газа по војната ќе одлучуваат Палестинците“, вели Реџеп Таип Ердоган, повторувајќи дека Израел мора да ги врати териториите што ги окупираше.

Според анкетите спроведени во ноември, 70 до 80 отсто од Израелците изјавиле дека Бенјамин Нетанјаху треба да поднесе оставка по војната.