‘СУЛТАНОТ’ УБЕДЛИВО ВОДИ – Се бројат гласовите во Турција: Реџеп Таип Ердоган на 60 отсто од пребројаните гласови има голема предност над Кемал Киличдароглу
Избирачките места ширум Турција беа отворени утринава во 08:00 часот по локално време, односно во 07:00 часот по средноевропско време, што го означи почетокот на гласањето за претседателските и парламентарните избори.
Граѓаните на Турција денеска гласаат на претседателските и парламентарните избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати, 24 политички партии и 151 независен кандидат за член во парламентот, кој брои вкупно 600 пратенички места.
Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а повеќе од 4,9 милиони турски граѓани гласаат за прв пат во нејзиниот живот.
Кандидати за претседател на Турција се, според редоследот на гласачкото ливче, Реџеп Таип Ердоган, Кемал Киличдароглу и Синан Оган. Четвртиот кандидат Мухарем Инџе во четвртокот се повлече од својата кандидатура.
Турските медиуми јавуваат дека во моментот се пребројани 60 отсто од гласовите. Актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган има освоено повеќе од 51,71 отсто од гласовите на претседателските избори, врз основа на 60 отсто од преброените ливчиња, додека неговиот главен противкандидат Кемал Киличдароглу досега има освоено 42,45 отсто од гласовите.