– Британскиот премиер Риши Сунак во обраќање во Парламентот на Велика Британија нагласи дека ќе продолжи „да ја поддржува Украина за да обезбеди одлучувачка воена победа на бојното поле оваа година“.
– Агресијата на рускиот претседател Владимир Путин на ниту еден начин не може да се протолкува како успешна и затоа ја забрзавме и ја зголемивме нашата воена поддршка за Украина, рече Сунак.
Британскиот крал Чарлс Трети денеска на аудиенција ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска пристигна во посета на Велика Британија.
Даунинг стрит соопшти дека се очекува украинскиот претседател да се сретне со британскиот премиер Риши Сунак. Зеленски, исто така, треба да се обрати во британскиот парламент и да се сретне со украински војници кои моментално се на обука во Велика Британија.