Температурите растат, па не би било лошо да ја прилагодите исхраната во лето. Ви претставуваме оригинален рецепт за бабина супа која го чисти организмот од токсини.
Неопходно е:
1 голема тиквичка,
3 моркови,
1 зелена пиперка
, 1 кромид
мал корен од целер
стебленца целер
1 компир
1 рака грашок
1 лажица суви зачини
1 лажица брашно
малку мл бибер
1 k,k, кари
лист од магдонос
сол по желба
масло
Подготовка:
Еден морков се ренда на крупно, па се пржи на масло, се додава сечканиот кромид, морковот исечкан на коцки, зелената пиперка сечкана, па се пржи.
Потоа додадете го коренот од целер и компирот исечкан на коцки и на крај исечканите тиквички. Фрлете една шака грашок и стебленца целер. Истурете вода за да се готви зеленчукот.
Во сад се ставаат брашното, зачинот, биберот, карито, листот магдонос и се мешаат со малку млака вода и се додаваат во супата. Оставете да се вари 2-3 минути.
Истурете во чинија, а по желба, ако не постите, додадете лажица павлака или јаболков оцет за малку да се закисели супата. Исечкајте го магдоносот.