Супермесечината во Риби носи Препород: Добро да се подготвите за овие изненадувања

Исто така, ќе работиме на нашето здравје и подобро да се чувствуваме.

За само шест дена нè очекува неверојатната енергија на Супермесечината во Риби, што е многу ретка појава. Ова ќе значи делумно затемнување, но и момент кога ќе можеме убаво да ја видиме Месечината на небото.

Каква порака носи Супермесечината?

Ова е период на откритија и завршетоци. Бидејќи Рибите се последниот знак на Зодијакот, тоа е знак дека на некои работи ќе дојде до крајот во нашиот живот и дека некои работи ќе ги видиме подобро и појасно од порано. Можно е да сфатиме низ каков циклус сме поминале и што сме преживеале.

Во овој период ќе тежнееме да ги затвораме вратите кои не ни носат ништо добро, пишува „ 
Forever conscious“. Слично на тоа, можни се брзи завршетоци што ќе ги размрдаат нашите животи на некој неочекуван начин.

Иако ова е најслабото затемнување што можеме да го видиме, ова е период кога ќе сфатиме дека доаѓа подобро време за нас и период во кој ќе се движиме во идеална насока, дури и ако тоа не изгледа така на почетокот. Знајте дека може да не чекаат судбоносни средби и настани и секогаш ќе се случува да бидеме токму онаму каде што треба.

Бидејќи Месечината е во знакот Риби, тоа е знак дека ќе бидеме емотивни и чувствителни и дека некои рани ќе зараснат многу брзо и дека на работите треба време да се регенерираат, па да бидеме трпеливи.