“СФАТЕТЕ ГО ТОА!“ – Драматична порака од Бенјамин Нетанјаху: “Европа е следната ако не го уништиме Хамас“
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, предупреди на заканата од исламистите во Европа, велејќи дека континентот ќе биде следната мета откако палестинската милитантна група Хамас започна напад врз Израел на 7. октомври.
„Вие сте следните, сфатете го тоа. Германија, Европа. Хамас е дел од терористичката оска на Иран, Хезболах, Хути и други. И нивната цел е да го водат прво Блискиот Исток, а потоа и целиот свет во ерата на варварството, мрачниот век на средниот век. Тоа е она што тие го сакаат. И ако луѓето сè уште не го сфатиле тоа, треба. Нема да исчезнат доколку не ги победиме“, изјави Бенјамин Нетанјаху во интервју за германскиот весник Bild.
Тој додаде дека има моменти во историјата на цивилизацијата „кога цивилизираните луѓе треба да заземат став“.
„Исто како што се случи против нацистичкиот режим, против ИСИС и против Ал Каеда. Тоа мора да се направи и против Хамас и терористичката оска предводена од Иран. Ако паднеше Блискиот Исток, Европа ќе беше следната, вие ќе бевте следниот. Во моментов сме на првата линија на нашата заедничка цивилизациска војна против варварите“, тврди премиерот на Израел.
Според него, Израел нема друг избор освен да го уништи Хамас.
„Ако сакате мир, уништете го Хамас. Ако сакате безбедност, уништете го Хамас. Ако сакате поинаква иднина за Израелците, Арапите, Палестинците и сите останати, уништете го Хамас“, заклучува Бенјамин Нетанјаху.