СЦЕНА КАКО ОД ФИЛМ- Објавена е снимка од авион на Азијана ерлајнс во која човек отворил вратата за време на летот

Откако беше објавено дека е уапсен маж кој ја отворил вратата од авион на Азијана ерлајнс, на интернет се појави видео од инцидентот.

Рано утринава неименуван патник ја отворил вратата од патничкиот авион кој слетал на аеродром во Јужна Кореја, но и покрај тоа пилотите безбедно слетале. Авионот бил на височина од 200 метри кога се отвориле вратите.

Девет лица се хоспитализирани поради проблеми со дишењето, а мажот кој ја отворил вратата е приведен.

На објавената снимка може да се видат патници како седат на своите седишта додека вратите на авионот се отворени во лет.

Во авионот имало 194 патници.