Сè гори: Над 8.000 луѓе евакуирани; Повеќе од 1.000 војници на терен ФОТО/ВИДЕО

Две лица загинаа во пожари низ Шпанија, седум лица се повредени, од кои четворица се во сериозна состојба поради изгореници, додека околу 8.200 граѓани се евакуирани во засолништа.

Најтешка е ситуацијата во Оренсе и Замора , објавува „Паис“.

Неколку пожари се активни во Оренсе, каде што се изгорени околу 7.000 хектари земја.

Во општината Молезуелас во Замора, еден волонтер беше убиен во текот на ноќта додека гаснеше пожар, а шест лица беа повредени, од кои двајца се на интензивна нега.

Во 
Андалузија, пожарите 
беа ставени под контрола , како и оној во близина на Мадрид.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, предупреди дека ситуацијата е „сериозна“ и ги повика граѓаните да бидат исклучително внимателни .

Во Јарила, пожар за кој се верува дека е предизвикан од удар од гром принуди евакуација на три града – 700 луѓе беа евакуирани – и изгоре приближно 800 хектари. 

Повеќе од 1.000 припадници на армијата помагаат во гаснењето на пожарите низ цела Шпанија.

На терен беа распоредени единици на Инфока (Агенција за вонредни ситуации на Андалузија), вклучувајќи четири противпожарни авиони од земја, еден лесен и еден среден хеликоптер, три екипи шумски пожарникари, Регионалната командна група и еден оперативен техничар. 

Сè гори: Над 8.000 луѓе евакуирани; Повеќе од 1.000 војници на терен ФОТО/ВИДЕО

Службата за шумски пожари на Кастиља-Ла Манча го подигна нивото на тревога бидејќи беа погодени и „нешумски“ имоти, но не беше прецизирано дали станува збор за земјоделски или станбени имоти.