Сè поголемо незадоволството поради украинската контраофанзива: Времето не е на нивна страна, ќе биде сè потешко!
Украинската контраофанзива се одвива побавно отколку што треба, изјави координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност, Џон Кирби.
Соединетите Американски Држави им дадоа на Украинците сè што сакаа за контраофанзива, но таа оди побавно отколку што треба, а на почетокот на есента ќе биде уште потешко да се продолжи, изјави Џон Кирби.
,,Во текот на месеците пред контраофанзивата ги исполнивме сите барања од украинскиот „шопинг список“. Сè што рекоа дека им е потребно за контраофанзива, го добија. Продолжуваме да го правиме тоа, фокусирани сме да продолжиме со обуката на украинските сили, но, уште поважно, им даваме средства и оружје што им се потребни за да ги пробијат овие линии (одбранбени линии)“, рече Кирби.
Според Кирби, Украинците разбираат дека времето не е на нивна страна, а на почетокот на есента ќе им биде потешко да маневрираат на теренот, да распоредат беспилотни летала и системи за противвоздушна одбрана.
Функционерот на Белата куќа повика да се воздржат од „шпекулации“ на тема „како изгледа успехот“ и тоа да им се остави на Украинците.