Сè e срамнето со земја! Црни денови во Америка: Се зголемува бројот на загинати во страшните земјотреси (ВИДЕО)
Најмалку 15 лица загинаа, а повеќе од 400 се повредени во земјотресот со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди јужниот брег на Еквадор, јавува денеска Би-би-си.
Зградите беа оштетени во неколку градови кога земјотресот се случи околу пладне по локално време. Најпогодена е јужната провинција Ел Оро, каде загинаа 12 лица, соопштија властите.
И северно од Перу се почувствува земјотресот, а 14-годишно девојче загина во Тумбес, погранична провинција, кога нејзиниот дом се урна.
Во Еквадор, Мачала и Куенка се меѓу градовите кои претрпеа оштетувања на згради и возила, а службите за итни случаи побрзаа да им помогнат на луѓето.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на Бала, на околу 80 километри од вториот по големина град во Еквадор, Гвајакил, каде живеат околу три милиони луѓе.