ТАА БАШ ЗНАЕ ДА УЖИВА! Анастасија се снимила на врвот на хотел во кој НОЌЕВАЊЕ ЧИНИ 600 евра, а потоа се покажа во провокативно издание

Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудеља веќе неколку дена уживаат во шармот на егзотичната дестинација – Ибица.

Младата ѕвезда редовно ги известува своите фанови на Инстаграм како добро се забавуваат, а сега се појави и кадар во бикини.

Анастасија и Немања престојуваа во хотелот „Ushuaia Ibiza Beach“, каде само едно ноќевање чини дури 600 евра, а кадрите од него се неверојатни.

Ражнатовиќ позираше во базенот кој се наоѓа на самиот врв на зградата, а облечена во цветен едноделен костим за капење кој одлично ја истакна нејзината фигура.

Откако уживале во ова неверојатно искуство, Анастасија решила да се преоблече, па облекла мрежест фустан, а посебно се потрудила да се нашминка.