Таа беше најубава Југословенка, стигна дури до светскиот ЏетСет: Вака денес изгледа Дијана Беќировиќ (фото)

Во осумдесетите, Дијана Беќировиќ важеше за една од најубавите Југословенки, а манекенската кариера ја започна на 14 години. 

Потоа изгради кариера како новинар, а правеше интервјуа и надвор од Југославија, со бројни познати личности. 

Дијана е родена во 1962 година во град во близина на Тузла, во не толку моќно семејство. Таа беше првата личност од тој регион што се фотографираше гола за магазин, во далечната 1981 година. 

Во 1984 година замина во Италија и стана модел на многу познати брендови, интересно, прва желба и’ беше да студира глума, но сепак се откажа од тоа и се запиша на новинарство. 

Таа интервјуираше многу познати и успешни луѓе и ќе остане запаметена како некој што го направи последното интервју со Формула 1 возачот Аиртон Сена.

– Го прашав зошто се крсти пред да влезе во автомобилот и дали знае што значи тоа. Многу луѓе не знаат зошто се крстат. Сена имаше најдобри одговори бидејќи го истражуваше, не беше површен. Друго прашање беше: „Што мислите кога возите 300 километри на час“ или „Дали верувате во живот после смртта?“. Па, најдолго останавме таму. Тој имаше голема мисија на овој свет. Мислам дека неговата смрт почна да ја буди совеста кај луѓето. Тој беше многу ранлив – се присети таа еднаш на Дијана. 

Се пишуваше дека Беќировиќ била во врска со многу познати личности од домашната и странската сцена. 

– Сите ,,паднаа” на Мајкл Корлеоне, но не и јас. Тој не беше мој тип. Го запознав Ал Пачино кога го снимаше „Кум“ со Френсис Форд Копола. Излеговме, но тој беше постојано напнат и секогаш параноичен за папараците. Редовно во страв да не те фатат. Моја задача е од мажот да направам маж, а негова да ме направи жена. Тоа не го чувствував за Пачино, туку само за неговото зовриено его – така таа еднаш зборуваше за врската со холивудскиот актер.