Таа беше прва сопруга на Раде Шербеџија: Сите се восхитуваа на нејзината убавина, а по разводот ја снајде трагична судбина (фото)
Првата сопруга на Раде Шербеџија беше Иванка Церовац од Загреб, негова врсничка која секогаш со љубов ја нарекуваше балерина и која му го украде срцето на прв поглед.
Истакнатиот уметник Рада Шербеџија отсекогаш важеше за голем заводник и вистински шармер, па не е чудно што им ги скрши срцата на многу жени кога на 23 години стапна на ,,лудиот камен”.
Во 1969 година Раде дипломира на Академија а Иванка на Школата за ритам и танц. Тоа беше вистинска, искрена младешка љубов, но иако беа сродни души, нивниот брак не траеше долго.
Првите години ги одбележаа и нивните први професионални успеси. Шербеџија брзо се ангажирал во градскиот театар „Гавела“ каде ги играл Шекспировите „Хамлет“ и „Ричард Трети“, а Иванка станала танцова кореографка во Загребскиот младински театар.
Имаа две деца, синот Данило се роди во 1971 година, кој го доби името по таткото на Раде, а две години подоцна ќерката Луција.
Раде тогаш веќе имаше големо актерско искуство, но како што растеше неговата слава, бракот со Иванка се растураше.
Интересен е фактот што Шербеџија во својата песна ја призна вината за пропаѓањето на бракот.
Во песната „Hamlet mašina“, која е напишана во 1992 година, тој пишува за „машината за перење“ што и’ ја купил на својата сакана по венчавката.
Раде Шербеџија и Иванка се разведоа во 1987 година, а тој и’ посвети стихозбирка на Иванка во која напиша трогателни стихови: „Од нас не остана ништо освен две возрасни деца кои со својот живот нè уверуваат дека сето тоа не било само сон и илузија“.
Поранешните сопружници останаа пријатели и по разводот и така остана до 2010 година, кога Иванка ненадејно почина од мозочен удар на 63-годишна возраст, а оваа вест многу го погоди Раде, кој никогаш нема да ги заборави спомените од младоста.
Популарниот актер денеска е во брак со Ленка Удовицки, со која има три деца – Нина, Милица Алма и Вања.