ТАА БЛЕСКА И ВО ШЕСТАТА ДЕЦЕНИЈА – Џенифер Анистон го облече досега ‘најтесниот’ фустан – младите генерации и завидуваат на нејзиниот совршен изглед (фото)
Најпознатата холивудска русокоса, актерката Џенифер Анистон неодамна се појави на премиерата на нејзиниот најнов филм во Лос Анџелес, всушност второто продолжение на филмот „Murder Mystery“ и докажа дека годините не и можат ништо.
Во својата шеста деценија, Џенифер на 54 години изгледа како младо девојче кое води здрава исхрана и редовен тренинг. Во видеото кое го сподели со своите следбеници, таа го откри стајлингот што го носеше на премиерата на филмот. Станува збор за лежерен, краток и блескав сребрен фустан.
Поточно се состоеше од илјада циркони, сребрени мрежи и конци. Џенифер одлично се вклопуваше и го покажа голиот грб на премиерата. Целиот изглед го комплетираше со едноставни сандали кои ги истакнаа нејзините долги и затегнати нозе.