Меган од Мајами стана вирална сензација благодарение на нејзината неверојатна боја на очите, која случајно ја откри еден претприемач од Тексас. Нејзината светло сина нијанса на очи ги зафати социјалните мрежи.
Една млада дама од Мајами, Меган, стана вирална ѕвезда на TikTok и Instagram благодарение на спонтаната објава на претприемачот и инфлуенсер од Тексас, Рохам Фароки. Случајно ја сретнал на улица и бил толку импресиониран од бојата на нејзините очи што ја замолил да ја фотографира.
– Нејзините очи се едни во милијарда – напиша Фароки заедно со видео кое набрзо стана вирално на интернет.
Меган секојдневно ја покажува впечатливата светло сина боја на очите и докажува дека не се работи за контактни леќи. Таа дури на лице место покажа и фотографии од детството, потврдувајќи дека е родена со оваа специфична нијанса. Видеото е прегледано повеќе од 50 милиони пати, што предизвика лавина интерес за оваа млада жена.
@megadck Digital camera filters are kewl. Someone make a filter that looks like canon g7x lol
♬ оригинальный звук – 🎶
Меган, која дипломира биомедицинско инженерство, откри дека ги наследила сините очи од двајцата родители. Сини очи имаат и нејзината мајка и татко, но нијансите се различни. Нејзиниот татко е половина Британец, половина Ирец, додека нејзината мајка има германски и шведски корени – земји со најголем процент на синооки во светот.
@megadck 💠👄💠
♬ original sound – 🙂
Статистиката вели дека само осум до десет проценти од луѓето имаат сини очи, но екстремно светло сина нијанса како онаа на Меган е вистинска реткост. Нејзините очи станаа нејзин заштитен знак, а таа често ги опишува како „гоџо“ очи, алудирајќи на популарниот јапонски манга лик Сатору Гоџо, кој има иста боја на очи.