Убавата манекенка Вања Вигњевиќ, ќерка на српскиот фудбалски тренер Небојша Вигњевиќ (55), никого не остава рамнодушен.
Над 60.000 луѓе, меѓу кои и бројни фудбалери, ја следат сексапилната Вања на Инстаграм и се воодушевуваат на нејзината убавина.
Ќерката на човек познат на српската јавност по менаџирањето на Рад, Хајдук од Кула и Војводина, како и бројни унгарски клубови, од кои повеќето престојуваше во Ујпешт, остава без здив.
Исончаниот тен, убавите очи и феноменалната фигура направија многу брендови да ја ангажираат убавата бринета да им биде заштитно лице.
Освен што е фотомодел, Вања е и дизајнер, а приватниот живот го држи подалеку од очите на јавноста. Не се знае дали има партнер, но јасно е дека многу фудбалери паѓаат на неа. Додека среќно не се вљубил, ja следел и Душан Влаховиќ , но очигледно морал да го кликне копчето за да ја „одследи“ од Инстаграм.