ТАА Е ВИСТИНСКА ‘БОМБА’ – Неверојатна животна приказна на згодната Инстаграм инфлуенсерка: “Убава сум но момчињата бегаат од мене! Ниту еден фраер не може да се справи со ова…“ (фото)
Инстаграм моделот и инфлуенсерка Мери Темара открива дека заработува огромни суми на пари на платформата за возрасни OnlyFans благодарение на нејзината завидна фигура и висина. Сепак, тоа и го отежнува наоѓањето на сродна душа односно партнер.
Убавата 28-годишна девојка е висока 188 сантиметри, а тоа таа апсолутно го прифатила како своја предност, па дури и го искористила овој адут за да се истакне на социјалните мрежи и да заработи пари на полесен односно позабавен начин.
Мери често објавува видеа на социјалната мрежа ТикТок во кои покажува како изгледа животот на една многу висока девојка, но иако има илјадници обожаватели на Интернет, во реалноста нејзиниот круг на додворувачи е многу мал.
„Признавам дека е исклучително тешко да се најде момче кое е повисоко од мене. Да запознаам некој со мојата висина е речиси невозможно – тоа е многу ограничено“, искрено кажала девојката во едно видео објавено на социјалните мрежи.
„Ми кажуваат дека никој не сака високи девојки, дека сум преголема дури и за НБА играчите…“, додава таа, но, ваквите навреди и коментари со кои се соочува девојката се нешто со што Мери се занимава уште од мала.
„Бев највисока во училиште и тоа беше вистински предизвик затоа што често ме малтретираа затоа што бев многу поразлична од другите. Децата ме задеваа и ме нарекуваа маж, бидејќи едноставно бев повисока и потешка од повеќето учители. Децата беа толку сурови што ручав сама во тоалет бидејќи немав пријатели“, се присетува таа во едно од нејзините видеа.
Сепак, оваа девојка денес пораснала во самоуверена жена и вели дека ужива да ги инспирира другите високи девојки да се прегрнат себеси и нивната висина: „Денес ги сакам моите облини, горда сум што сум висока и се обидувам да ги инспирирам другите дека е убаво тоа. Денес сум ултра женствена затоа што не сакам никој никогаш повеќе да ме нарекува маж и сакам да ја сменам стигмата дека да се биде висок е машка особина“.
Инаку, Мери има 1,3 милиони следбеници на социјалната мрежа ТикТок и заработува околу 300.000 долари месечно на OnlyFans. Интересно е што таа не се снима само себе, туку и целото нејзино семејство – таткото, мајката и браќата, кои сите се високи преку 190 сантиметри.
„Само се надевам дека ќе ги инспирирам другите и ќе им покажам дека да се биде висок, голем и различен е убаво и дека не треба да се срамите од тоа“, заклучила таа.