“ТАА Е МНОГУ СИГУРНА ВО СЕБЕ“ – Меланија Трамп реши да направи големо “враќање“ на политичката сцена: “Разбира дека дојде нејзиното време!“
Откако највисокиот државен суд на Соединетите Американски Држави (САД) пресуди дека поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, не може да се појави на гласачкото ливче во државата Колорадо на претседателските избори следната година поради неговата улога во нападот од неговите приврзаници врз американскиот Капитол на 6. јануари 2021 година, извор изјавил за Page Six дека – „Доналд Трамп и неговото семејство се многу сигурни дека тој повторно ќе стане претседател“.
Покрај тоа, упатените од Мар-а-Лаго тврдат дека тој постигнал договор со неговата сопруга Меланија Трамп и дека таа ќе ги засили дипломатските перформанси на највисоко ниво во текот на 2024 година.
Според Page Six, Меланија Трамп, која неодамна се појави со поранешните први дами на погребот на Розалин Картер, наводно се чувствува посигурна во себе – и како претставник на нејзиниот сопруг, но и како дипломатска фигура, особено по позитивниот прием со појавувањето на погребот на поранешната прва дама на САД.
„Меланија Трамп разбира дека е дојдено нејзиното време да се приклучи на редот на историските први дами и да остави свој белег во историјата… Таа чувствува дека сега е подобро подготвена за нејзината потенцијална улога како прва дама по втор пат“, рекол изворот, додавајќи дека сега може да се посвети повеќе на таа улога со оглед на тоа што нејзиниот син Барон Трамп сега има 17 години и веќе не е мал.
„Потесно семејство, вклучително и Меланија Трамп, цврсто стои зад поранешниот претседател“, додал изворот за Page Six.
53-годишната поранешна прва дама од Словенија се почесто се појавува во друштво на својот сопруг, па неодамна беа видени на „Палм Бич“, каде заедно присуствуваа на доделувањето на наградите „Patriot“.
„И двајцата беа во одлично расположение“, изјавил инсајдерот и додал: „Меланија Трамп шеташе наоколу и ги поздравуваше сите. Доналд Трамп дури се пошегува на своја сметка, велејќи дека во најголем дел не го изнајмуваат тој простор бидејќи таму чувал многу многу важни документи, како што сите знаат“.