ТАА Е НАЈБОГАТАТА ПЕЈАЧКА НА БАЛКАНОТ! Годишно врти 92 МИЛИОНИ, не знае што да прави со парите

Хрватската пејачка Маја Шупут имаше многу успешна 2022 година, бидејќи двете компании што ги поседува и донесоа огромен милионски профит.

Нејзините две компании остварија вкупен промет од 5,9 милиони. Маја Шупут Татаринов е сопственик и директор на компанијата „Морска дива“.

Вкупните приходи на нејзината компанија во 2022 година изнесуваат 518.312 евра, а деловниот субјект остварил нето добивка од 241.969 евра.

Споменатата компанија има еден вработен, а Маја својата музичка кариера ја води преку таа компанија.

Нејзината друга компанија се занимава со продажба на козметичка линија во која е косопственик со сопругот Ненад Татаринов, лани имала промет од 275.000 евра, а компанијата остварила добивка од 30 илјади евра.