,,Таа негова неспособност…” Поранешната најдобра тенисерка на светот изненадена од играта на Ѓоковиќ: Не може да поверува дека Србинот одиграл така

Поранешниот најдобар тенисер на светот Жистин Енан беше разочаран од настапот на Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија Опен.

Да потсетиме, Новак за првпат во кариерата потфрли во Мелбурн во оваа фаза од натпреварувањето. Јаник Синер рутински го совлада српскиот ас со 3:1 во сетови и сосема заслужено избори пласман во финалето.

Новак го одигра еден од најлошите натпревари на Грен слем турнирите во кариерата.

,,Ѓоковиќ имаше многу проблеми против Фриц со брејк топки. Тој покажа неколку негативни знаци за време на Австралија опен. Сите знаеме дека е во состојба постојано да се враќа. Тоа го правеше во неколку наврати за време на турнирот. Денеска бевме изненадени од недостаток на реакција“, вели Енан и додава:

Новак Ѓоковиќ

„Нивото на Синер беше многу, многу добро и го очекувавме тоа. Но, бројот на неизнудени грешки, бавноста на Ѓоковиќ, неговата неспособност да реагира… Тоа беше нешто што не го предвидовме. Ѓоковиќ беше доволно луциден да го каже тоа. Но, тоа не е ништо тоа не го намалува фактот дека му се восхитуваш на противникот и велиш: „Ова е еден од моите најлоши Грен слем натпревари“, мислам дека тоа е вистина“, заклучи таа.