Таа нема ниту една маана: Поранешната девојка на Клуни изгледа брутално добро во петтата деценија, а новите фотографии се доказ за тоа
Италијанската манекенка Елизабета Каналис неодамна уживала на Сардинија, но задоволството го споила и со работата.
Таа во текот на одморот снимила и една кампања за компанија која се занимава со продажба на луксузни недвижности, а за таа цел се фотографирала во мало црно бикини покрај базенот на една прекрасна вила.
Елизабета позирала во модерен костим за капење, а иако го прослави својот 44-ти роденден, и понатаму може да се пофали со брутално добра фигура на која можат да ѝ позавидат и двојно помладите девојки.
Убавата бринета има многу пропорционално тело со изразени стомачни мускули, витки затегнати нозе и убаво деколте.
Фотографиите се најдоа на бројни портали и се споделуваат на социјалните мрежи, а публиката е воодушевена од сексапилот на оваа жена. Каналис, која важи за една од најзгодните Италијанки, се прослави ширум светот благодарение на врската со холивудскиот актер Џорџ Клуни. Парот беше 2 години во врска, а раскинаа без голема помпа во јуни 2011 година, еден месец по неговиот 50-ти роденден.
Манекенката во минатото се забавуваше и со фудбалерите Кристијан Виери и Реџиналдo Фереира да Силва, како и со режисерот Габриел Мучинo. Беше во брак со ортопедот Брајан Пери во 2014 година, но парот во март оваа година стави крај на својата љубов. Заедно ја имаат ќерката Скајлер.
Елизабета моментално се забавува со 15 години помладиот романски кикбоксер Џорџијан Цимпеану.