ТАВ Македонија ќе го ажурира системот за багаж, патниците се молат да се пријават три часа пред летот

ТАВ го ажурира системот за багаж на скопскиот аеродром, па патниците се замолуваат да пристигнат на шалтерите за пријавување три часа пред нивниот лет. Ова важи два месеци.

„Почнувајќи од 9 октомври (понеделник) до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеци, на Меѓународниот аеродром Скопје ќе се ажурира системот за ракување со багажот.

„Затоа, апелираме до сите кои ќе патуваат во наведениот временски период преку Меѓународниот аеродром Скопје, да пристигнат на аеродромот, односно на шалтерите за контрола на патници и багаж, 3 часа пред закажаното време на поаѓање на летот. се наведува во соопштението на аеродромот.