ТАЖЕН КРАЈ – Голема трагедија: Требаше да биде голема ѕвезда, пред него имаше светла иднина, а животот му згасна за секунда
Нова смрт на велосипедските патеки, младиот, 17-годишен американски велосипедист Магнус Вајт загина по судир со автомобил за време на тренинг.
Американската велосипедска федерација официјално ја потврди оваа трагична вест која се случи во близина на Болдер, град во сојузната држава Колорадо, каде Магнус Вајт се подготвувал за претстојното Светско првенство во јуниорски категории во Глазгов. Претходно, Магнус Вајт беше означен како „млада ѕвезда во подем“ од локалното здружение.
Ова е трет смртен случај на велосипедските патеки за помалку од два месеци. Пред десет дена почина и 17-годишниот италијански велосипедист Јакопо Венцо, кој им подлегна на повредите со кои се здоби за време на трката во Австрија, каде што падна за време на спуст.
На крајот на јуни на ист начин на трката околу Швајцарија загина 26-годишниот Швајцарец Џино Маедер.