Полицијата во Гулд Коуст во Квинсленд пронашла двегодишно дете во стан, а се верува дека девојчето било заклучено со денови со безживотното тело на нејзиниот татко.
Полицијата во петокот наутро го пронашла телото на Хасел Ли (31) во неговиот дом, откако патролата дошла да провери дали е сè во ред со него, бидејќи со денови не контактирал со никого.
Кога влегле во станот, пронашле двегодишно дете, при што било констатирано дека малиот најверојатно неколку дена бил сам со телото.
На детето веднаш му била укажана помош и е пренесено во болница.
Само еден ден по ова ужасно откритие, автомобилот на Ли бил пријавен во полиција како украден.
Соседите за медиумите изјавиле дека слушнале чудни звуци во станот на Ли и дека потоа во саботата околу 20 часот виделе како некој ја одзел неговата „мазда“.
Од полицијата потврдија дека добиле пријава за украдено возило, а автомобилот до денеска не успеале да го најдат.
,,Истрагата за кражбата сè уште е во тек“, соопштија од полицијата.
Братот близнак на Ли, Лукас, патувал од Сиднеј до брегот Гулд во неделата за да разговара со полицијата. Имаше само пофални зборови за својот брат и рече дека е прекрасен човек.
„Секогаш им помагаше на другите. Секогаш правеше сè за другите, без да размислува за себе“, вели неутешениот брат.
Според првите информации Хасел Лиу е бегалец и дошол во Австралија во потрага по подобар живот.
Во петокот полицијата дошла во куќата во која живеел откако им се јавиле загрижени роднини бидејќи со денови не можеле да стапат во контакт со него.
Засега не се знае што ја предизвикало неговата смрт, а од полицијата велат дека нема траги на насилство, но дека истрагата секако е во тек.
,;Телото е пронајдено во саботата околу 11 часот и 30 минути. Подготвивме записник за вештачење“, кратко соопштија од полицијата.
Не се знае каде е мајката на девојчето, и што ќе се случи со неа по смртта на нејзиниот татко.