Тажната приказна за „највалканиот човек на светот“: Еве зошто 60 години избегнувал вода и сапун (видео)
Во октомври 2022 година, медиумите објавија за смртта на Аму Хаџи , кој беше познат како „највалканиот човек на светот“, во Иран.
Оваа „титула“ ја заслужи откако не се капеше шест децении. Тој почина на 96 години.
Аму секогаш бил покриен со прашина и пепел, живеел во колиба направена од чакал, но бил виден и како спие во дупки што ги ископал порано.
Еден новинар опишува дека „изгледал како карпа“ и дека се вклопил во околината поради тоа колку бил валкан, пренесува LadBible.
Непосредно пред неговата смрт, мештаните успеале да го убедат конечно да се избања. Се разбира, двата настани не се причински поврзани, бидејќи Аму почина од старост.
Се поставуваат прашања зошто 60 години избегнувал вода и сапун. Се верува дека страдал од аблутофобија, односно „постојан неоправдан страв од капење или миење“.
Наводно, се плашел дека ќе се разболи ако се исчисти, односно дека водата и сапунот предизвикуваат болести.
Зборувајќи за фобијата која е поизразена кај децата, па кај жените, па дури потоа кај мажите, д-р Сива Лечор од клиниката „Толедо“ рече:
„Аблутофобијата е исклучително ретка. Во моментов почесто го гледаме кај постарите лица. Обично кај луѓе кои имале трауматски искуства во минатото“, објасни д-р Лечор.
Локалните новинари со години се обидуваат да добијат информации за неговото минато и што го навело Аму да води ваков начин на живот. Вистинската вистина никогаш не беше откриена.