Тажната судбина на мајката на Анџелина Џоли: Нејзиниот живот го одбележале страдања, а поради тоа актерката со години не зборува со својот татко

Вистинските фанови на актерката Анџелина Џоли знаат дека таа ја наследила својата неверојатна убавина од нејзината мајка, покојната Маршелин Бертранд. Сепак, малкумина знаат дека Бертранд имала многу несреќен живот.

Со американскиот актер Џон Војт се омажила кога имала само 20 години, а пред да го роди својот прв син Џејмс Хевен имала два спонтани абортуси. Како и нејзиниот сопруг, таа отсекогаш сакала да биде актерка, а кога ја родила Анџелина две години по раѓањето на Џејмс, решила да ја прекине филмската кариера и да се посвети на семејството.

Сепак, немала среќа ниту во љубовта. Војт ја изневерувал каде и да одел, па официјално раскинале во 1980 година. Токму поради тоа Џоли и нејзините деца денес немаат никаков контакт со него, а тој во едно интервју неколку пати се обидел да го погоди името на својата внука.

Покрај убавината, Џоли од мајка си ја наследила и хуманитарната природа. Бертранд е ко-основач на фондацијата „Сите племиња“, која обезбедува културна и економска помош на домородните Американци, како и организацијата „Подари љубов подари живот“, која ја подигнува свеста за ракот кај жените.

Бертранд осум години се борела со ракот на јајниците и на дојката, а во 2007 година и подлегна на порочната болест. Анџелина Џоли подоцна откри дека нејзината мајка секогаш се сомневала дека ќе умре од рак, исто како и нејзината баба и тетка. Поради оваа причина, таа одлучи да направи двојна мастектомија за да се заштити од потенцијалниот рак на дојка.

Актерката и Бред Пит ја добија ќерката Вивиен Маршелин Џоли-Пит, една година по смртта на нејзината мајка, која го доби името по нејзината покојна баба.