Тажна вест: Австрија се збогува со Андреас Молтерер – легендарната „бела молња“

Почина познатиот алпски скијач, големиот австриски спортист, роден во Кицбил, Андреас Молтерер, освојувач на два олимписки медали и многу неверојатни рекорди.

По смртта на Хајнрих Меснер (84), Австријците за само седум дена се простуваат од уште еден голем ас кој почина на 92-годишна возраст.

Молтерер го доби прекарот „бела молња“ во печатот во 1950-тите поради неговото брзо и смело возење, а особено поради неговата впечатлива руса коса.

Од 1940 година до крајот на педесеттите, тој успеал да освои девет национални титули и олимписко сребро во велеслалом и бронза во спуст во 1956 година на игрите во Кортина.

Молтерер сè уште важи за еден од најдобрите скијачи во спуст во својата ера, а по успешната скијачка кариера се преселил во САД, каде што работел како ски инструктор кај американските богаташи и разни познати личности.

До есента минатата година тој живеел во САД, но пред една година се вратил да живее во родниот Кицбил каде и починал.