Бритни Спирс гола и на плажа! Пејачката ги запали мрежите со нова фотографија: Сега сите знаат зошто го прави ова! (ФОТО)

Набргу по објавувањето на своите мемоари, Бритни Спирс ја почести својата публика со уште една гола фотографија. Таа позираше со свртен грб на плажа, па фотографијата ја објави на својот Инстаграм, но без ниту еден збор во описот.

Со овој потег принцезата на поп – музиката за помалку од еден ден собра огромен број „лајкови“.

Не недостигаа и коментари на социјалните мрежи, најмногу затоа што благодарение на нејзината книга „Жената во мене“ повеќето веќе знаат зошто одвреме-навреме се одлучува на овој чекор.

– Знам дека многу луѓе не разбираат дека сакам да се сликам гола или во нова облека… – го започна своето објаснување таа.

– Мислам дека, кога вие би позирале илјадници пати, би разбрале колкава радост ми е да се фотографирам сама и потоа да правам што сакам со нив – брзо заклучил Спирс.