Ова е девојката која падна од 4 метри висина: Ден пред несреќата го прослави својот 22 роденден! (ФОТО)

Девојката М.П.(22) е тешко повредена при пад од четири метри височина во холот на Техничкиот факултет во Нови Сад, а лекарите сè уште се борат за нејзиниот живот. Taa вчера го прославила својот 22 роденден!

Несреќата, да потсетиме, се случила утрово околу девет и триесет минути кога на девојката најверојатно ненадејно и’ се слошило и паднала преку оградата наопаку.

Bеднаш со возило на Итна медицинска помош била пренесена во КЦ Војводина, каде по дијагнозата било констатирано дека има тешки повреди.

Како што пишуваат српските медиуми, М.П. е сериозен спортист и судија на натпревари во боречки вештини.

Студентите кои во тој момент биле во салата биле изненадени од грозоморната глетка.

– Девојката наводно чекала да започне предавањето, а потоа наеднаш и’ се слошило, а бидејќи била веднаш до оградата, паднала. Сè се случи во еден миг и буквално никој не можеше да реагира и да и’ помогне, бидејќи додека сите забележаа што се случи, за жал, таа веќе беше во лобито на зградата во локви крв – вели еден од очевидците и додава:

– Ова е навистина несреќен случај, и се надевам дека девојката ќе преживее. Не знам која е, но многу се потресов откако ја видов како лежи неподвижна.

Во оваа прилика се огласија и од факултетот на кој девојката студираше.

– Свесни сме што се случи. На нејзиното семејство им изразуваме сочувство. За здравствената состојба на нашиот студент јавноста ќе биде информирана во наредните часови, кога Клиничкиот центар на Војводина ќе ги изврши потребните прегледи и анализи и ќе даде проценка за моменталната здравствена состојба на повредената – се наведува во соопштението на факултетот.

Оттаму додаваат и дека делот од зградата во кој се случи несреќата е затворен поради полициската истрага, а во другите делови на Факултетот се одвиваат активности според предвидениот распоред.