ТАЖНА ВЕСТ ОД ШПАНИЈА: Гудељ ја заврши сезоната поради проблеми со срцето

Фудбалерот на Кордоба Драгиша Гудељ поради медицински проблеми ја заврши сезоната!

Братот на српскиот репрезентативец Немања Гудеља минатата година во два наврати имал проблеми со срцето, поради што бил хоспитализиран

По тој повод неговиот клуб Кордоба ја објави објавата која ја пренесуваме.

– Фудбалскиот клуб Кордоба соопштува дека Драгиша Гудељз ќе го задржи статусот на лекарско отсуство до крајот на сезоната. Во овој момент, клубот сака да ја изрази нашата безрезервна поддршка за Гудељ, ставајќи го неговото здравје и благосостојба на прво место. Се гледаме наскоро брат – стои во соопштението на Кордоба.

Да потсетиме, по првиот пат кога Гудељ доживеа срцев удар, му беше вграден дефибрилатор, но и после тоа на мечот против Мелиља падна во несвест на теренот, а оттогаш е на специјален режим на тренинг и е надвор од теренот.

Останува да видиме каква ќе биде иднината на Драгиша во фудбалот, а најважно е што сега се чувствува добро.