Тажна објава на Лепа Брена: Не го заборава роденденот на својата покојна мајка Ифета, која почина на денот кога Живојиновиќ имаа куќна слава (фото)
Мајката на Лепа Брена, Ифета Јахиќ, почина на 21 ноември 2014 година на 81-годишна возраст.
Брена пред неколку часа на својот Инстаграм профил по долго време сподели фотографија со својата покојна мајка, на денот кога требаше да го прославува роденденот.
– Среќен роденден мајко… ми недостигаш – напишала балканската ѕвезда.
Мајката на Брена беше оперирана во март 2014 година во Тузла, по што пејачката ја префрли во Белград, каде што почина.
Ифета почина на денот на славата на Живојиновиќ, Светиот Архангел.
Таа е погребана во бошњачкиот харем Мераја во Брчко.
Лепа Брена на својата мајка Ифети Јахиќ и’ го посвети својот албум со изворни и новокомпонирани народни песни и во неколку наврати потенцираше дека благодарение на нејзината мајка се заљубила и научила да пее народна музика.