Тажни слики од БиХ! Надлежни служби ги носат жртвите – сцени како од филмови! Војската се пресели во Јабланица (ФОТО/ВИДЕО)
Страшни поплави во текот на ноќта ги погодија јужните делови на Босна и Херцеговина, најтешко помина Јабланица каде се урнаа куќи полни со луѓе, а се уште не се знае точниот број на загинати.
Единствено се знае дека бројот на жртвите е двоцифрен и ќе се зголемува, а најновите видеа и слики кои доаѓаат од Босна и Херцеговина покажуваат страшни и грозоморни сцени. Куќи се урнаа, луѓето не можат нормално да функционираат поради водата, многумина го загубија имотот и своите најблиски…
Итно беше ангажирана армијата – единици за спасување луѓе и хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина, со цел да се обезбеди итна помош за цивилите.
На едно од видеата можете да видите како надлежните служби ги носат жртвите.
Во поплавите тешко е повредена осуммесечна трудница, која за жал го загубила бебето.
„Момчето спасено од урнатините е стабилно. Бремените жени се борат за живот, додека бебето за жал починало. Во моментов можеме да потврдиме дека има 14 загинати“ , ова е првата информација од медиумската конференција на Владата на Херцеговина-Неретва.