ТАКСИСТ ОД ГРЦИЈА СТАНА ВИСТИНСКИ ХЕРОЈ – Турист доживеал срцев удар на плажа, Гркот стигнал до болницата за осум минути – и направи нешто за голема пофалба!

Таксистот Јанис Костас од Грција пред неколку дена доживеал несекојдневна ситуација кога турист кој влегол во возилото со сопругата му рекол што поскоро да го однесе во болница бидејќи доживеал срцев удар.

Таксистот кој во тој момент бил на плажата и веднаш ги известил надлежните, а полицаец на мотор тргнал пред него и му го расчистил патот што поскоро да стигне до болницата во Калитеа.

Според зборовите на таксистот, тој со помош на полицаецот успеал за осум минути да помине растојание од 18 километри и да го однесе туристот во болница.

Видеото кое кружи на социјалните мрежи покажува како се одвивала драматичната ситуација, додека се слушал женски глас кој му вели на возачот да вози што побрзо.

На крајот од возењето, таксистот направи нешто достојно за пофалба. Имено, кога туристите го прашале колку му должат, тој рекол дека „се е во ред“ и не им наплатил ништо.

Требаше ли да погледнам во таксиметарот ? Човечки живот беше во опасност“, изјавил таксистот за локалните грчки медиуми.